Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Според Мицкоски, на ДУИ и е најмалку дојдено до јазикот или уставните судии, таа, како што рече, е исплашена за својот „криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години“.
-Тие не се навикнати да бидат подолго време во опозиција. Кога се малку во опозиција веднаш има одговорност и излегуваат на површина сите активности за кои постои основано сомневање, а кои се поврзани со криминал и криминалци, да ги дознае македонската јавност и затоа се уплашени. Најмалку им е дојдено до јазикот и до уставните судии. Тие се исплашени за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години, посебно последните две години, бидејќи на оној дивјачки, криминален начин како што го сменија Кривичниот законик, за жал, се амнестираа за криминалот од минатото и за жал, тука ние ништо не можеме. Дури и сега иницијативата што ја покренаа пред Уставниот суд, пред нивните уставни судии што тие ги бираа, дури и под услов Уставниот суд да рече дека ќе падне тој Кривичен законик, тие сепак се амнестирани за криминалите што ги правеа пред четири, пет, шест години, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата на ДУИ за интерпелација на уставните судии.
Како што оцени Мицкоски, кога се во прашање ДУИ, најмалку се работи за некакви права.
-Најмалку станува збор за какви било права, тие се исплашени за своите хациенди, скапите луксузни возила, трговските центри, дуќаните, за основаното сомневање за криминалот во ФИТР, во Министерството за економија,..., рече претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен - темелник на македонско - грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.
Ново на Сител
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
