Македонија
28. September 2022 - 13:26

Мицкоски не сака да ги коментира последните случувања во ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, фокусирана на енергетска криза, состојбите во реалниот сектор и можностите за намалување на негативните ефекти запрашан како ги кометира последните случувања во ДУИ кажа дека не сака да коментира внатрепартиски случувања.

- Не би сакал да се мешам и да ги коментирам работите кои се внатрешни на политичките партии, тоа се нивни внатрешни работи. Јас само посакувам да имаме квалитетна политичка дебата со која Македонија ќе оди напред, а граѓаните ќе имаат надеж дека ќе имаат убава иднина. Да сумирам, случувањата во другите политички партии не би сакал да ги коментирам, кажа Мицкоски.