Македонија
31. July 2020 - 16:12

Мицкоски: Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата

Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата за 7,42 отсто, додека граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.

„Евтина тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. Бандитизмот на оваа власт е во секоја пора“, напиша Мицкоски на Фејсбук.