Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот за влегување на Бугарите без писмена гаранција
ВМРО-ДПМНЕ нема никаква официјална информација од страна на надлежните за тоа за што се преговара. И многу е чудно кога зборуваат за уцени, а тие всушност го држат во заложништво и го уценуваат целиот македонски народ бидејќи преговараат за неговиот идентитет, а најголемата политичка партија не знае за што се преговара. Практично ги има заробено институциите, тоа е прво. А, второ, можното решение може да има три подваријанти. Првата подваријанта е официјалната Софија во јуни на Европскиот совет, да го тргне ветото и да се одржи првата меѓувладина конференција, но да не почнат преговорите се додека дел од бугарскиот народ не влезе во Преамбулата на македонскиот Устав, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во дневникот на Сител телевизија.
Мицкоски посочи дека втората подваријанта е исто така Софија официјално да го тргне ветото, меѓутоа барањето од бугарската Декларација од 2-ри ноември 2019-та година да биде дел од преговарачката рамка. Но Мицкоски се надева дека голем број на земји членки нема тоа да го дозволат бидејќи билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка. И третата подваријанта е воопшто да не се тргне ветото.
„Што е заедничко во овие три сценарија? Заедничко е дека нема да почнат преговорите. Туку преговорите можат да почнат само во услов кој што ќе биде дел од преговарачката рамка наметнат од Софија. Е, сега доаѓам до одговорот, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи да дел од бугарскиот народ биде од Преамбулата само под еден услов да добиеме гаранции кои што ќе ги изгласа бугарскиот Парламент, а со кои што јасно ќе стави дознаење дека со вклучувањето на дел од бугарскиот народ ви Преамбулата на Уставот завршуваат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И од тој момент натаму никогаш повеќе до самиот влез на Македонија во рамките на ЕУ тие нема да ја блокираат“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека треба да се каже стоп за двојните стандарди за Македонија, нема да се поддржи промена на Уставот ако нема писмени гаранции дека повеќе Бугарија нема да ја блокира Македонија.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
