Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
Тоа не може да бидат услови и на тој начин не се води политика. Премиерот ги отфрли заканите на ДУИ за бојкот на локалните избори. На Османи и Ахмети од скопски Илинден им прати лична порака
Премиерот вели дека за заканите на ДУИ веќе е запознаена целата меѓународна заедница кој изразила загриженост за обидот за притисок врз Уставниот суд.
Институциите ќе спроведат избори, а дали ДУИ ќе учествува на нив, Мицкоски вели дека не е негова работа
Лидерот Ахмети минатата недела и потпретседателот Османи вчера се заканија дека ДУИ нема да дозволи да се одржат локалните избори бидејќи според нив, албанците биле деградирани. Се заканија со тешка политичка криза доколку Уставен направи интервенции во Законот за јазици.
Последен пат ДУИ излезе на улица токму пред уставниот суд да го брани албанскиот јазик. Протестот траеше кратко. Интегративците се повлекоа истиот момент кога Артан Груби беше ставен на американската црна листа.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар