Македонија
21. November 2021 - 13:03

Мицкоски: Нови избори за да заминат и Филипче и политикологот, пардон, инфектологот Караџовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Охрид на новинарско прашање кој е неговиот став за новите мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести одговори дека треба да се почитува правото на избор на секој граѓанин, тоа е индивидуално и уставно загарантирано право на секој граѓанин.

- Единствената мерка која што до сега требаше да се донесе а да биде функционална е веднаш да се распушти оваа влада и да се организираат предвремени парламентарни избори, а со тоа да замине овој министер за здравство и оваа Комисија за заразни болести предводена од политикологот, пардон инфектологот Караџовски, рече Мицкоски.