Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
Премиерот Христијан Мицкоски очекува состојбата во РЕК Битола денеска да се стабилизира и да продолжи редовното производство, откако два термоблока изутрината беа исклучени од мрежа.
- РЕК Битола е во алармантна и катастрoфална ситуација поради сето тоа што се случувало во изминатиот период, имаше една голема акција, што е само почеток, ќе има уште многу од она што го располагам како информација, но, се бориме. Очекувам таму состојбата денеска да се стабилизира и да продолжиме со редовно производство и со она што го добиваат граѓаните. Но, борба ќе има, нормално е, тоа е наследена состојба, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што соопшти АД ЕСМ, Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрина во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби.
- Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.
Мицкоски присуствуваше на настан организиран од Министерството за односи меѓу заедниците по повод Денот на наставата на турски јазик, со присуство на учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од с. Прналија и с. Радање.
Ново на Сител
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила