Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на билатералните односи со Германија по победата на коалицискиот блок ЦДУ/ЦСУ вчера на парламентарните избори. Тој исто така не очекува промена на односите со Берлин поради македонското ко-спонзорирање на предлог-резолуцијата на САД за Украина.
- Трансатлантското партнерство не е само наш приоритет, туку тоа е приоритет и на Германија и на САД и тука никој не треба да има никаква дилема. Јас милам дека ова партнерство е гарант за мир секаде во светот, нешто што и на сите нас ни е потребно, вклучително и во Украина и во сите држави во светот генерално. Во тоа трансатлантско партнерство најсилни алки се САД и Германија. Така што тука не треба никој да има дилема, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Премиерот повтори дека за нас САД се стратешки партнер, а сега и сестринската партија ЦДУ/ЦСУ победи на изборите во Германија и ќе ја формира новата влада.
- Со идниот канцелар Мерц се познаваме и од рамките на Европската народна партија и сега се видовме на маргините на Минхенската безбедосна конференција. Ценам дека и досега добрите партнерски билатерални односи во иднина ќе бидат уште поголеми. Ќе ве потсетам голем дел од големците на ЦДУ од најтесниот периметар на идниот канцелар Мерц доаѓаа кај нас, како што е господинот Баер, кои се наши лични пријатели и очекувам да имаме исклучително добри билатерални односи со Германија и со Владата предводена од канцеларот Мерц, рече Мицкоски.
На прашањето зошто земјава се одлучила на ко-спонзорство на предлог-резолуцијата на САД, Мицкоски кажа дека очекува таа да биде поддржана од мнозинството во ОН.
- Па така одлучивме, дека ќе бидеме ко-спонзори на резолуцијата што ја поднесуваат САД. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството во ОН, рече Мицкоски.
На прашањето дали по посетата на САД има очекувања дека новата администрација на Трамп ќе ни помагне во билатералниот проблем со Бугарија, тој рече дека „со контактите што ги имаме од најблискиот периметар на претседателот Трамп дека можеме само да добиеме, а не и да изгубиме“.
-Имам чувство, а и тоа што успеав од прво лице да го видам и слушнам е дека полека но сигурно од Вашингтон и насекаде во светот ќе се шири и ќе владее новото нормално. Ние сме меѓу првите што го поддржавме новото нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот којшто следи и ќе добие голема поддршка во светот. Ценам дека со контактите што ги имаме од најблискиот периметар на претседателот Трамп дека можеме само да добиеме, а не и да изгубиме, нагласи Мицкоски.
Повтори дека билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век.
- Ценам дека треба час поскоро ние како држава да ги почнеме и формално преговорите со ЕУ коишто се дел од овој билатерален спор. А за сите останати атрибути кои се дел од овој билатерален спор кој за жал, се уште одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет, мислам и не треба премногу да се коментира бидејќи сепак идентитетски прашања, прашања што се поврзани со идентитетот на македонскиот народ, секој мој коментар би бил одвишок и се знае кој е мојот став по тоа прашање, одговори Мицкоски.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон