Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од најниските во Европа и во регионот. Истовремено тој изрази очекување дека следната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 проценти.
Од друга страна, премиерот изрази очекување растот на бруто-домашниот производ да биде реален над три и пол проценти, а номинален над седум и пол проценти.
-Мерките се случуваат. Цело ова време се случуваат мерките, и сето тоа во одредени месеци влијае позитивно. Сега очекувам во октомври можеби да се движиме помеѓу четири и четири и половина проценти, вчера кажав, поради ниското ниво минатата година во октомври месец. Тогаш се сеќавате ги аплициравме оние мерки за замрзнување на маржите и слично. Но, потоа очекувам пристојно намалување во ноември и во декември, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи поврзани со проектот Градски воз.
Според него, Владата се стреми да се приближи кон целта до крајот на мандатот да има БДП од 20 милијарди долари.
-Таа бројка ќе ја стигнеме веќе следната година. И оваа година за првпат, во номиналниот бруто-домашен производ по глава на жител, ќе имаме петоцифрена бројка во долари по глава на жител, односно над 10 илјади долари ќе биде БДП по глава на жител. Така што, стратешките цели кои ги планиравме за крајот на мандатот на оваа Влада, ние ќе ги реализираме следната година, истакна Мицкоски.
За него, како што рече, тоа е добро и охрабрувачки и тоа е практично дел од Извештајот за напредок на земјава на Европската комисија.
-Но, исто така, сите меѓународни финансиски институции ги нивелираат и ги зголемуваат прогнозите и проекциите за раст на економијата во државата, додаде премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
