Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти
Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија, вечерва изјави дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови.
Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Мицкоски истакна дека е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.
- Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба, нагласи премиерот Мицкоски.
Мицкоски додаде дека на таа средна треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат.
- Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината е една, а тоа е дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не по билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато, изјави премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје