Мицкоски: По поминати исклучително тешки 12 дена, денеска се чувствувам подобро
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Инфективната клиника се огласи за својата состојба со коронавирусот, потенцирајќи дека по поминати исклучително тешки 12 дена, денеска се чувтсвува подобро.
-13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови, напиша Мицкоски на својот Фејсбук-профил.
Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација, истакнува тој, бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу.
– Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност, напиша Мицкоски.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
