Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
-Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила.
САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, но иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски во Минхен е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
