Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места
Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме да се враќаме на состојба нула, односно очекувам таа состојба нула да се случи некаде пролетта следната година. Иако некои индикатори и параметри велат дека и сега имаме една таква состојба во многу области, дури и дека состојбата е пред оние години на криза 2019, 2020, 2021, дека овие месеци првите индикатори се појавуваат како такви, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година која изминува очекува историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра, односно како што посочи, со ова Македонија ќе биде во првите три економии во Европа по глава на жител.
-Оваа година која изминува за овие уште неколку дена очекувам историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра. Со што ќе бидеме во првите три економии во Европа по глава на жител кога станува збор за привлекување на странски инвестиции, рече тој.
Премиерот Мицкоски најави нови 15 странски инвестиции, од кои за едната рече дека е во вредност од 360 милиони евра, со 500 нови добро платени работни места.
-Имаме нови, но имаме и такви кои беа заборавени од претходната влада, а започнати кои што сега ние ги одглавивме заедно со институциите кои што работат во реализација на инвестирање и тие веќе се во процес на инвестирање и се разбира договоривме нови кои што ќе почнат да се реализираат следната година. Станува збор за нови 2.800 работни места, а веќе сме во процес на нови 15 кои што веќе ги преговараме и се во завршна фаза, од кои едната ќе биде голема од 360 милиони евра, која што очекуваме откако ќе ги завршиме разговорите следната година јануари месец да ја објавиме, нешто што ќе значи огромна сума на пари кои ќе влезат во извозното портфолио на државата, 500 нови вработувања високо платени, современа технологија, истакна премиерот Мицкоски.
Според премиерот, денеска се поставуваат темелите на тоа како треба да изгледа македонската економија за 5 - 10 години од денес.
-И мислам дека оваа инвестиција од висока технологија ако биде сè како што треба, ќе значи ново огромно влијание позитивно врз БДП кога ќе го достигне својот максимум таму некаде 2028 година, рече премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид