Мицкоски: Работодавачите и работниците треба да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати тоа што ќе договорат

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да се усогласат околу параметрите, меѓу кои е и минималната плата. Владата е во поразлична позиција. Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме.
Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат, рече денеска премиерот Христија Мицкоски.
Владата, напомена Мицкоски на прес-конференција, е тука да фасилитира, а не да одлучува.
-Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме, истакна Мицкоски.
Според него, во Буџетот се предвидени средства согласно законските усогласувања, но секогаш има ребаланс и може да се направи распределба.
-Од страна на Владата не е проблем, ние ќе имаме приходи. Зголемувањето на минималната плата ќе биде на товар на работодавачите, тие ќе треба да уплатат повеќе во Буџетот. Проблемот е дали тие можат тоа да си го дозволат, дали можат да го напарават, дали можеби потоа ќе има други трикови, пола-пола, „еви ти пола на рака“,... Но, тоа е друга тема, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има средства во Буџетот за 2025 година ако работодавачите и работниците договорат минимална плата од 450 евра.
Како што дополни премиерот, со оглед дека ќе има локални избори, ребалансот на Буџетот би бил најдоцна јуни - јули.
Мицкоски потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени средства за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и образованоето.
Пред почетокот на седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека остануваат на барањето за минимална плата од најмалку 450 евра, како и за зголемување на платите во јавниот сектор. Трендафилов изрази и очекување дека „останатите социјални партнери“ ќе ги прифатат овие барања.
-Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Согласно буџетските проекции кои ССМ можеше да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, нагласи Трендафилов.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
