Мицкоски: Се гледаме на улица
„Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ.
Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти - Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност.
Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема.
Затоа протест сега, за да не биде предоцна!
п.с. Заштите се, носете маска, држете растојание. Се гледаме на улиците.“ напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
