Македонија
9. јуни 2022 - 14:40

Мицкоски се сретна со кинескиот амбасадор Ѕуо

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНE проф.др. Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата се разговараа економските предизвици кои ја засегаат земјата, но и светот и дека само зголемена соработка на економско поле и отворени економии може да придонесат за што побрзо оставање на кризата зад нас.

На средбата стана збор и за лошото управување на државата од страна на СДСМ и ДУИ, што е причина за големата инфлација и сиромаштијата која е се поприсутна.

Претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е спремна по наредните предвремени парламентарни избори да ја води државата и да ја извади од кризата.

На средбата беше потенцирано и дека Македонија е земја која својата иднина ја гледа во ЕУ, и е посветeна на тој процес.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ