Мицкоски: Територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува

Ме прашуваат за став за руската агресија врз Украина, а партиските глодари на СДСМ и ДУИ дополнително ќе речат сум немал став додека ја чекаат коската која треба да ја добијат од стопанот со крадени народни пари. Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија: "територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат".
Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви.
Но она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси...
Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
