Македонија
5. January 2023 - 12:54

Мицкоски: Владата на СДС и ДУИ за два дена плаќа 73 милиони авансно за увоз на струја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук информираше дека Владата за два дена платила 73 милиони авансно за увоз на струја.

- Продолжува увозот на струја во новата година!

“Херојската” влада на ДУИ/СДСМ за само 2 дена потроши нови речиси 73.000.000 денари за увоз на струја. Од првичното сценарио нема ништо, сѐ уште трансформаторот во Битола не е во функција, Осломеј не работи, а хидроцентралите се на најниско ниво.

Затоа пак авансните провизии продолжуваат. “Херојските” тендери во четири очи си врват. Одговорност ќе има. Доаѓа денот. - пишува Мицкоски.