Мицкоски: Власта е делигитимирана, граѓаните да излезат што е можно помасовно во вториот круг

Денеска продолжувме овде во Ново Село, победничко Ново Село очекуваме на 5 мај победата којашто беше во првиот круг да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник, Гордана Силјановска Давкова идниот претседател практично да ја потврди победата којашто беше исто така во првиот круг изразена.
Власта предводена од Зоран Заев и СДСМ е делигитимирана. После поразот во првиот круг во 47 општини во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова со освоени 42, 5 % од гласовите ја потврди доминацијата уште еднаш како најголема политичка партија, партија којашто обединува најголем број граѓани во Република Македонија.
Продолжуваме со несмален интензитет со нашите активности ширум Македонија. Денеска овде сме како што кажав цел ден во Ново Село, попладне продолжуваме во Гевгелија, а вечер се враќаме во Скопје и така се доконечен триумф на 5 мај.
Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Жителите на Ново Село се обединиети околу името на Николчо. Николчо е иден градоначалник во Ново Село, во тоа сме сите сигурни и убедени такашто очекуваме еден голем триум, двоен триумф овдека во Ново Село на 5 мај и Македонија да ја добие првата жена за претседател на републиката исто така на 5 мај.
Ново на Сител
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
