-->
-->
Мицкоски во Брисел ќе оствари средби со Хан, Могерини, Дол
-->

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во прва работна посета на највисоко можно ниво на Брисел.
Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев, ќе остварат голем број на средби со високи претставници на Европската Унија, како и со претставници на Европската народна партија, во која е член и ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денешниот ден се очекува делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ да ја започне својата агенда на средба со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.
Исто така, за денес се предвидени и официјални средби со пратениците во Европскиот парламент- Андреј Каватчев, Пол Рубиг и германскиот пратеник Кнут Фленкештајн.
Според наши информации, Мицкоски денес ќе има и средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини, како и со Претседателот на европскиот парламент Жозеф Дол.
Вториот ден од официјалната посета, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средби и со европратениците Иво Вајг, Едвард Кукан, како и со големите подджувачи на Македонија, пратениците Марија Петир и Алојз Петерле.
Ваквата работна посета на Мицкоски во Брисел преставува легитимирање на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ пред Европската комисија и Европскиот парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор