-->
-->
Мицкоски: Заев да понесе одговорност што е меко ткиво за негаторски теми и аспирации
-->
Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет. Сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми и прашања. Проблемот е во сигналите дека во Македонија има влада и премиер кој е меко ткиво за вакви негаторски теми и аспирации. Но, вистината е дека од 1990-та до денес немало вакви експлицитни јавни директни негаторски, уценувачки и навредливи ставови кон Македонија.
Воедно би запрашал што добро донесе за земјава виткањето на кичма за ваквите теми и прашања. Виде ли некој бенефит од тоа, освен ако не го земеме во предвид бројчаникот на најбогатото политичко семејство на Балканот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло