Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска“.
– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април, пишува Мискоски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација