Мицкоски: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка
Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис.
Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари.
Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап. Постојаната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики.
Очекуваното траење на животниот век во Република Македонија е за околу 5 години пониско во споредба со развиените земји и нема никаква оправданост за зголемување на старосната граница како услов за пензионирање. Кон ова треба да се додадат и се уште релативно лошите услови за работа во повеќе сектори од македонската економија, особено кај туридоинтензивните дејности кои придонесуваат за забрзано трошење на работната сила. Секако ваквата мерка ќе значи и помали шанси за вработување на младите луѓе, и помала компетитивност на пазарот.
ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со зголемување на старосната граница за пензионирање, чекор кој е израз на неспособност да се менаџира со јавните финансии и тоа никако не треба да се прекрши на грбот на работниците.
Оваа криминална и неспособна мора да замине.
Верувајте Македонија има надеж.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа