Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки

Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук.
Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што напиша, дури и во периоди на тензии, при што јасно се утврдуваат црвените линии.
-Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста и стабилноста. Не преку конфронтација, туку преку координација со нашите сојузници. Ја поддржуваме стратешката автономија на Европа преку посилна одбрана и поголема конкурентност, се стремиме кон активна европска улога во Газа и на Блискиот Исток и преземаме суштински иницијативи во рамките на Европската Унија и Советот за безбедност на Обединетите нации, напиша Мицотакис.
Додаде дека во свет на неизвесност, кохезијата на Европа и мултилатералната сила на Грција „ќе го оценат нашиот кредибилитет и јачината на нашиот глас“.
МИА
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
