-->
-->
Мицотакис: Граѓаните ќе гласаат за нова Европа
-->
Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција Нова демократија, Киријакос Мицотакис, изјави дека граѓаните на Европската унија на претстојните европски избори ќе ги остават зад себе лагите и популизмот.
Мицотакис тоа го кажа за време на самитот на Европската народна партија во Брисел, истакнувајќи дека на европските избори граѓаните ќе гласаат за нова Европа, која ќе биде способна да понуди нови и подобри работни места за младите, како и безбедност за сите граѓани на Европа. За суспендирањето на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес од групата на Европската народна партија, Миоцотакис рече дека Нова демократија била првата партија што јавно барала мерки и одредени ограничувања за Орбан.
- Побаравме суспензија на нивното членство во Европската народна партија и многу сме среќни што таквата одлука беше официјално усвоена минатата среда. Задоволни сме од одлуката, која дава јасен одговор на оние кои сакаат да ја поврзат Нова демократија со екстремизмот и популизмот, заклучи лидерот на грчката опозиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз