Мицотакис ќе учествува на Генералното Собрание на ОН
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во следните денови ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк каде што ќе има низа средби, а в петок ќе одржи говор, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека Мицотакис во обраќањето ќе се осврне на предизвиците со кои се соочуваат западните демократии, но и на „ескалацијата на турската агресија и неприфатливите турски провокации и оспорувања на грчкиот суверенитет, во време кога Западот практично го осуди ревизионизмот и кршењето на суверенитетот на границите“.
Во Њујорк веќе е шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас кој денеска ги почнува средбите на маргините на Генералното собрание, а в четврток, како што вчера објави МИА, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас во периодот од 19 до 23 септември ќе оствари низа билатерални и мултилатерални средби на кои покрај прашањата за зајакнување на билатералните односи, „ќе се разговара и за прашања од регионален и глобален интерес, како што се руската инвазија врз Украина, енергетската криза, случувањата во Северна Африка, во Југоисточниот Медитеран, Западен Балкан како и промоција на грчката кандидатура за место во Советот за безбедност на ОН во периодот 2025-26 година, кандидатурата за Советот за човекови права во периодот 2028-30 година и за претседателство со Генералното собрание на ОН во 2035 година“.
Ново на Сител
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари