-->
-->
Мицотакис стана премиер на Грција - Ципрас му ја честиташе победата
-->

Досегашниот премиер Алексис Ципрас му честиташе на својот наследник Кирјакос Мицотакис на победата на денешните парламентарни избори, на коишто гласачите ја вратија власта во рацете на конзервативците.
Министерството за внатрешни работи ги објави првичните официјални резултати, кои кажуваат дека Нова демократија освоила 39,8% гласови, додека досегашната владејачка партија Сириза е на второто место со 31,5%. Во новиот состав на парламентот најверојатно ќе има само шест партии, откако профашистичката Златна зора не успеа да го помине прагот на освоени 3% гласови.
„Во демократија не е ненормално да дојде до промена на власта. Се надевам дека Нова демократија нема да води политика на одмазда“, изјави Ципрас.
Според овие резултати, Нова демократија ќе има апсолутно мнозинство во парламентот, односно меѓу 155 и 167 пратенички места од можни 300. Ова е најубедливата победа на една партија на изборите во Грција од 1981 година.
Ципрас, кој дојде на власт во 2015, ги распиша изборите три месеци порано, откако Сириза претрпи тежок пораз на европските избори во мај. Популарноста на Сириза опадна откако не успеа да се справи со високата невработеност и со слабиот раст на економијата, а Нова демократија профитираше и од незадоволството на народот од потпишувањето на Преспанскиот договор со Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
