Мицотакис уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени избори во Грција
Вие ја држите високо оваа партија и ми давате сила, со уште поголем ентузијазам, да ја продолжам нашата борба за обнова на земјата. И вие ќе ставите потпис на уште една изборна победа на изборите што ќе се одржат за 12 месеци од сега, им порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на членовите на Нова демократија на партискиот Конгрес, со што уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени парламентарни избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во говорот на крајот од 14-от Конгрес на Нова демократија, Мицотакис истакна дека Грција геополитички е зајакната во последните три години, а земјата „денес е посилна на сите нивоа, посилна економски, посилна геополитички, посилна во Европа“.
За надворешната политика тој посочи дека Грција е мост меѓу три континенти, фактор во енергетиката и протагонист на патот на Европа за стратешка автономија.
Потенцираше дека национална цел е во текот на летото земјата да излезе од последната фаза на засилен надзор за „конечно да се затвори трауматичното поглавје отворено пред една деценија“.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани