Балкан
10. February 2022 - 8:35

Мицотакис во официјална посета на Хрватска

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна официјална посета на Хрватска, а во Загреб ќе одржи средби со хрватскиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е да се сретне со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, со претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ и да биде примен од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.