-->
-->
Мигранти се собираат кај Солун за да тргнат на север, судири со грчката полиција
-->
Стотици имигранти од разни делови на Грција се собираат денеска пред камп во близина на Солун и планираат пеш да тргнат преку границите на балканските земји во потрага по азил во богатите централни делови на Европа.Меѓу мигрантите и полицијата избија судири кај кампот.
Полицијата соопшти дека повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи и семејства со деца, се собраа денеска на пченкарно поле кај мигрантскиот камп Диавата, на околу 10 километри западно од Солун, како и дека некои поставиле шатори. Десетици други пристигнуваат пеш, вели Асошиејтед прес.
Подоцна околу 200 мигранти се судрија со полицијата за немири откако се обиделе да го пробијат кордонот. Тие фрлаа камења кон полицајците, кои одговорија со солзавец и шок-бомби.
Мигрантите рекле дека одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.
Агенцијата на ОН за бегалци ги предупреди имигрантите да не упатуваат повици преку социјалните мрежи, велејќи дека нерегуларните премини преку граница се „ризични и опасни“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
