Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има поднесено претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Коалиција Сите за правично судење и до Македонско здружение на млади правници и повторно се жали на тоа дека не можел соодветно да ја подготви својата одбрана поради должината на судските рочишта.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
– Сите ќе го известиме писмено дека ние не можеме да ја менуваме мерката притвор. Не можеме да му укажуваме на судијата, ниту да менуваме било какво судско решение, информира Пировска.
На новинарско прашање за двајцата обвинети за настаните од 27 април, Пировска информира дека кај нив е поднесена претставка за која, како што рече, е дадена гаранција, но повторно судијата утврди мерка притвор, а гаранцијата не им е вратена.
– Ние веднаш доставивме допис до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во кој укажуваме на овие процедурални процеси кои за нас се несфатливи. Може или едното или другото да биде случај, не може и двете работи. Ако Кривичниот совет сметал дека треба да издржуваат мерка притвор тогаш треба да биде најден начин да им се врати гаранцијата. Сметам дека тоа е итно, потребно да се направи, изјави Пировска.
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
