-->
-->
Милер останува во Баерн
-->

Четворица фудбалери на Баерн Минхен ги продолжија договорите со клубот. Томас Милер, Џером Боатенг и Хави Мартинез ќе останат во Минхен до 2021 година, а највозрасниот меѓу нив Чаби Алонсо (34) до 2017 година.
Најважно за Баерн е што нов договор потпиша Томас Милер (26), фудбалер за кого Манчестер Јунајтед покажуваше сериозен интерес.
„Милер ќе остане во Баерн, без оглед на сите понуди кои евентуално ќе ги добиеме од други клубови. Тој не е на продажба. Како што Меси и припаѓа на Барселона, Руни на Манчестер Јунјатед, така и Милер му припаѓа на Баерн. Можеби постојат фудбалери кои се технички подобри, побрзи, но не постои уште еден Томас Милер. Тој е драгоцен за Баерн, тој ја преставува суштината на Баерн“, изјавил неодамна претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.
Инаку Чаби Алонсо во Минхен пристигна во јули 2014 година, претходно играл во Реал Сосиедад, Ливерпул и Реал Мадрид. Хави Мартинез (27) за 45 милиони евра во јуни 2012 година од Атлетик Билбао се пресели во Баерн, една година претходно член на Баварците стана поранешниот играч на Херта, Хамбургер и Манчестер Сити, Џером Боатенг (27).
Томас Милер ги минал сите младински категории на Баерн, а во февруари 2009 година го потпишал првиот професионален договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
-

Иран го нападна Тел Авив со ракети со касетна муниција, погодени и објекти во Хаифа
-

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
-

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ
-

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината
-

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик
