Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски оцени дека „црвено – жолтите“ не се аутсајдери против Италија, иако актуелниот европски првак е фаворит во полуфиналната пресметка во мундијалскиот бараж.
– Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме, изјави Милевски во својата прва реакција на вечерашната жрепка за мундијалскиот бараж во седиштето на ФИФА во Цирих. Натпреварот ќе се игра на 24 март, а Италија ќе биде домаќин.
– Македонија покажа дека без разлика дали игра на домашен или на гостински терен може да се спротивстави на секој противник, се разбира дека ќе ни недостасува поддршката од публиката, но околностите не можеме да ги менуваме., посочи Милевски. Македонскиот селектор додаде дека неговите избраници неслучајно се во мундијалскиот бараж и во дуелот против Италија ќе се обидат да го потврдат својот квалитет.
– Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се приспособуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, нè случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар, изјави Милевски.
Ново на Сител
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета