Фудбал
30. May 2017 - 13:42

Милевски: Најважен е првиот меч со Шпанија

Македонските селекции до 21 година од 1.јуни ги започнуваат подготовките за ЕП во Полска но и за следниот циклус квалификации. Покрај 17-те сигурни за Полска, селекторот Милевски соопшти и список на играчи кои ги подготвува за следните квалификации а од кои 6-7 ќе бидат на списокот за ЕП  кој треба да брои најмалку 23 имиња.  

Генерација 1996/97

Голмани: Филип Илиќ, Боби Целески;

Одбрана: Давид Атанасковски, Нехар Садики, Костадин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Јован Попзлатанов, Стефан Костов, Бесарт Кривањева, Филип Стојановски;

Среден ред: Ељиф Елмаз, Енур Тотре, Давор Здравковски, Стефан Јефтовси, Мартин Мирчевски, Дин Аломеровиќ, Калвин Н’сомбо, Кристијан Филиповски;

Напад: Емил Абаз, Тихомир Костадинов, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бенјамин Демир, Бобан Георгиев, Даниел Крезиќ, Матеј Цветановски.

На ЕП во Полска македонската репрезентација за ривали во групата Б ќе ги има Португалија, Шпанија и Србија. Шампионатот ќе се игра од 16 до 30 јуни.

Конечниот список на патници ќе биде познат по одигрувањето на меѓусебниот контролен меч на 4-ти јуни на терените на СЦ „Петар Милошевски“.

Според распоредот првиот меч го играме на 17-ти јуни со Шпанија во Гдиња:

„Со новата генерација почнуваме на први јуни, а на 4. јуни ќе играат меѓусебе како последен тест за сите фудбалери. За Полска одбрав 17 сигурни, кои го изнесоа најголемиот товар во квалификациите за пласман на Европското првенство. Го почитував сето она што го направија, а овој список од 17 фудбалери ќе биде дополнет со 6 или 7 играчи, кои ќе бидат на селектитвниот камп од први до четврти јуни. Тогаш ќе ги поченеме финалните подготовки за Европското првенство, до 12. кога ќе отпатуваме за Полска. Нормално секогаш е најважен првиот меч а тоа е против една велесила каква што е Шпанија по што ќе имаме појасна слика за нашите можности“ - рече Милевски. 

Според пропозициите од групата во која се Македонија, Шпанија, Србија и Португалија само првопласираната селекција и една второпласирана одат директно во полуфинале од вкупно 3-те групи. 

https://