-->
-->
Милевски посакува позитивен резултат со Австрија
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година во вторник го играа четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2019. Во Скопје ќе гостува селекцијата на Австрија. Двете репрезентации имаат одиграно по три натпревари, Македонија има една победа и два пораза, а Австрија две победи и еден пораз.
- По поразот од Гибралтар се насочуваме на следниот натпревар. Австрија е квалитетна репрезентација, која се наоѓаше во „вториот шешир“ . Во денешниот фудбал се покажа дека нема лесен противник. Мора да дадеме максимум и да го вратиме фудбалот од дуелот со Ерменија и од претходниот циклус квалификации. Во Скопје ако ние сме на потребното ниво и одиграме квалитетно ќе дојдеме до позитивен резултат, изјави селекторот на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски.
Натпреварот Македонија – Австрија се игра на 14.ноември на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 13 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
