Милошевски: Неправдите треба да бидат мотив повеќе
По дуелот со Шпанија и поразот од 29:25 генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски ја даде следната изјава:
- Вчерашниот натпревар против Шпанија беше одраз на борбеноста, решителноста и вистинскиот квалитет на нашата селекција. Видовме издание на Македонија кое е беше за почит! За жал, неколку непринципиелни одлуки на судиите досудени по специфични критериуми доведоа до пресврт во последната четвртина од натпреварот. Секоја чест на нашата репрезентација за начинот на кој се справи со сите овие испади на натпреварот со Шпанија, но мораме да се фокусираме на денешниот важен меч со Исланд! Нека оваа неправда биде мотив повеќе да се прикажеме во уште подобро светло, онака како што знаеме и можеме, се вели во изјавата на генералниот секретар на РФМ, Милошевски.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора