Милошоски: Концептот на влада без ДУИ подразбира да не бидат присутни ниту на едно ниво во власта
Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа рече дека власта предводена од ДУИ и СДСМ има голема концесија која мора да ја испорача.
„Тоа што го збори ВМРО-ДПМНЕ, ставовите ги споделува околу 80 проценти на населението. Затоа треба да има избори бидејќи тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ го споделуваат многумина“, рече Милошоски.
Прво, рече Милошоски, темата излегување на ДУИ од власта стана и јавна тема.
„Овој интерес за влада без ДУИ е добро, бидејќи по изборите ние ќе бараме начин и ќе направиме се да се направи влада без ДУИ. Системот на ДУИ не е добар за државата. Концептот на влада без ДУИ подразбира да не бидат присутни ниту на едно ниво во власта. Тие произведуваат корупција и криминал. Тие се инфицирани со вакво однесување. Затоа сметаме дека добро е што деДУИзацијата станува тема во јавноста. Зголемуваат корупција, намалуваат доверба во системот, и поттикнуваат иселување на граѓаните. Затоа нашата порака е или целта е да понудиме политички концепт за формирање на извршна власт без ДУИ што значи истата ќе биде поефикасна на сите полиња. Доколку Бујар Османи смета дека може да се откаже од неколку министри на одреден период не е тоа замислата“, рече Милошоски.
Она што е го гледаме сега, рече тој, е голема блискост на ДУИ со СДСМ, вели Милошоски.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија