Милошоски: Не бараме ниту еден туѓ глас, но не даваме ниту еден наш

Не бараме ниту еден туѓ глас, но не даваме ниту еден сопствен глас. Тоа е гласот на народот и нашите гласови ги браневме со волјата изразена на демократски избори, порача вечерва Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните кои се собраа пред Државната изборна комисија.
- Две ипол години чекавме, две ипол години ја малтретираа државата. Побараа Државна изборна комисија, ја добија, побараа Министерство за внатрешни работи, го добија, побараа избори, ги добија. Добија и пораз и треба да го признаат. Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше, а ДИК треба да биде достоинствена како што беше достоинствен македонскиот народ и да ја признае волјата на граѓаните, рече Милошоски.
Тој додаде дека на државата не и требаат повеќе кризи. - Две ипол години бевме во криза за да дојдеме до избори. Дојдовме до избори. Бевме чесни, излеговме на гласање и победивме. Сакаме победата да ни биде потврдена за Македонија да биде стабилна, да биде напредна, рече Милошоски.
Пред граѓаните се обратија и Илија Димовски и Влатко Ѓорчев, кои посочија дека опозицијата добила услови за одржување избори како никаде во светот.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
