Македонија
12. February 2020 - 16:33

Милошоски објави снимка од Заев за финансирањето на телевизијата на Боки 13, СДСМ негира поткуп на медиуми

Со аудио снимка преку собраниската говорница пратеникот Антонио Милошоски обвинува дека власта е вмешана во аферата Рекет.

Милошоски пушти телефонски разговор во кој тврди дека екс премиерот Заев зборува за финансисрање на телевизијата на Боки 13.

Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази, реагираше СДСМ.

Милошоски е очаен  криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО.

Оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште, се вели во реакцијата на СДСМ

Од обвинителството за организиран криминал и корупција за Сител тврдат дека не ги поседуваат овие аудио материјали.

Обвинителството во неколку наврати потсетуваше дека непријавувањето на кривично дело исто така е кривично дело и ги повика сите субјекти што поседуваат било какви докази што упатуваат на сторено кривично дело да ги достават до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во нивната реакција.

Снимката на пратеникот Милошоски следи само еден ден откако обвинителството во судница за предметот Рекет презентираше смс комуникација помеѓу екс премиерот Заев и првообвинетиот Боки 13 во која Заев вели дека премиер има обврска да го пријави случајот Рекет пред надлежните институции.