Македонија
30. July 2015 - 10:37

Милошоски во работна посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политик, Антонио Милошоски е во работна посета на Канада.

Во текот на денешниот ден, соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Милошоски ќе оствари средби со тројца пратеници од канадскиот парламент Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг.

Tеми за разговор на средбите ќе бидат билатералните односи помеѓу двете држави, членството на Македонија во НАТО и значењето на македонската дијаспора во канадското општество.