Милошоски:СДСМ да ги прифати изборните резултати
СДСМ се обидува со некои прегласувања да изманипулираат или да создатат услови за фалсификување на волјата на народот, но ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека и народот во Теарце без разлика на нашиот политички став е позрел од Заев и ќе го победи и таму каде што треба да се прегласува.
Ова го истакна попладневно на прес-конференција Антонио Милошоски, чпен на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Заев дека е крајно време да ги прифати изборните резултати. - Народот те слушна, народот те прочита и народот те порази. Не мораш да му честиташ на ВМРО-ДПМНЕ ако тоа за тебе претставува личен пораз, но господине Заев бидете доблесен и честитајте му на македонскиот граѓанин кој што достоинствено гласаше и направи достоинствена победа. Крајно време е да престане господинот Заев да сее раздор и конфликти помеѓу Македонците затоа што мнозинството Македонци ја донесоа својата изборна одлука и таа мора сите да ја почитуваме, истакна Милошоски.
На прес-конференцијата наведе дека ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излезе со своја платформа со своја програма и со свои ставови за економските и националните прашања и потенцира дека ќе се држат до ветувањата и како што рече, тоа е нашиот мандат и нема да отстапиме ниту милиметар од државните интереси на Република Македонија.
- Немаме резервна татковина и затоа сметаме дека Република Македонија е земјата која треба да ја почитуваме и да работиме за нејзин напредок и за стабилност, рече Милошоски.
Според Милошоски две недели по изборите кога, како што истакна, цел народ и сите граѓани, ги знаат изборните резултати и фактот дека СДСМ доби помалку гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија освоија поголем број на гласови, Заев се уште се обидува да манипулира со изборните резултати.
Милошоски потенцира дека политиките на креирање на кризи, диструкција и пазарења со националните интереси завршија на изборите на 11-ти декември и оти она што се обидува Заев да го спроведе во моменто е истото сценарио од пред 2 и пол години, а тоа, како што рече, значи насилно преземање на власта без признавање на волјата на народот и доаѓање до функциите по секоја цена.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци