Минатата година донесе пресврт на пазарот на хрватското осигурување

Пословни дневник – Загреб
Минатата година донесе пресврт на пазарот на хрватското осигурување:
Осигурителните куќи го напуштија 30 години стариот систем за пресметување на ризиците за товарните возила и на Хрватска почнаа да гледаат како на единствена зона на осигурување, што кај дел од превозниците им ја преполови цената на полисите, покажа истражувањето на Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција (АЗТН).
Пазарот на авто-осигурувањата, на кој 13 осигурители годишно собираат 2,2 милијарди куни премија, е компететивен, смета Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција (АЗТН), чие истражување го пренесе Пословни дневник.
Возачите на патничките автомобили профитираа од индивидуализацијата на полисите на обавезното осигурување и од поголемата палета на производи.
Гледањето на Хрватска како на единствена зона на ризици, наместо со досегашните седум зони, повеќе од половина осигурувања престанаа да ги дискриминираат превозниците според регистарските ознаки, поради што тие „од” Дарувар плаќаа околу 12.000 куни, а тие од Загреб или Крапина за истата полиса 22.000 куни. АЗТН претходно предупредуваше на таа нелогичност истакнувајќи дека превозниците ги одбележува национална или рамка на пазарите на ЕУ, а не регионалниот пазар, па Агенцијата смета дека тие промени „можат позитивно да влијаат на конкурентноста на некои превозници на хрватскиот и на пазарот во Унијата”.
Кај автомобилите кај кои во 2013 година во истата зона на ризик, практично немаше разлика во висината на премиите, три години подоцна осигурителите ги уважија класите на возилата, што резултираше со поголеми разлики во цената и со поголем избор.
Воведени се низа нови критериуми за пресметување на полисите, како претходно занемарените години на осигурениците.
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
