Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од повисоки стандарди и ефикасност.
-Кампањата под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” е почеток на значајни реформи, пакет закони кои ќе ни овозможат дополни критериуми за нововработените во јавниот сектор и ќе обезбедат постојано следење на работните задачи на секој вработен, изјави Минчев.
Тој ја нагласи важноста на новите законски решенија кои ќе овозможат построги критериуми за нововработените, поголема конкуренција и континуирана евалуација на вработените во јавната администрација. Како пример, тој посочи на укинувањето на Инспекцискиот совет, што ќе резултира со значителни буџетски заштеди и рационализација на јавните ресурси.
-Укинуваме органи согласно европските стандарди, со што правиме значителни заштеди во буџетот. Ова е само почеток на долгорочен процес на рационализација, истакна министерот.
Осврнувајќи се на укинувањето на Балансерот, министерот истакна дека сегашните огласи се базираат на критериуми за знаење и квалитет, а правичната застапеност ќе се обезбеди со ново законско решение кое ќе биде изготвено од експертска група и консултирано со Венецијанската комисија.
-Огласите сега се одвиваат врз база на квалитет и знаење, а новото законско решение ќе ја гарантира уставната категорија на правична застапеност. Наша обврска е да обезбедиме ефикасни и квалитетни услуги за сите граѓани, без разлика на етничката припадност, посочи тој.
Заложбата на министерството за јавна администрација е овие реформи да донесат позитивни промени во јавната администрација и да ги постават основите за долгорочен успех и ефикасност во работењето на институциите.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година