Фудбал
25. October 2022 - 19:55

Минимална победа на Брегалница против А. Пандев

Тешка но заслужена победа на  Брегалница над Академија Пандев со 1-0 во премиерниот меч од 12. рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Штипјани со тоа ја прекинаа  лошата резултатска серија и се изборија за првиот лигашки триумф од 4 септември кога на овој терен беше совладан шампионот Шкупи со 2-0. Мечот беше решен  во 62. минута кога Ѓорѓиев асистираше, а Дарко Додев ја смести топката во мрежата на пандевци.