Министерката Канческа-Милевска се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше работна средба со Вилем Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија.
На средбата, каако што информира Минситерството за култура, соговорниците се согласија дека Република Македонија и Кралството Холандија имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. На средбата, како што се наведува, стана збор и за иницијативата за продлабочување на соработката и тоа преку поголема размена на експерти, уметници и проекти.
- Досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување на македонската култура во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои холандската култура се претставува во Република Македонија, се вели во соопштението.
Министерката за култура потенцираше дека изминатиот период со особен интерес од холандската јавност беше проследена изложбата „Ненадмината убавина - Икони од Македонија“, која пред пет години беше успешно реализирана во музејот „Катарајнеконвент“ во Утрехт, Кралство Холандија.
Изложбата, која беше прво претставување на македонското културно наследство во ваков голем обем и по квалитет и по вредност на експонатите, наиде на огромен интерес кај стручната јавност во оваа земја, која имаше можност да се запознае со исклучително вредни експонати датирани од 4000 години пред Христос до крајот на 19. век. Канческа-Милевска потсети дека оваа изложба го зголеми интересот за Република Македонија во Кралството Холандија и придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка на културен, туристички и економски план.
Соговорниците, како што се наведува во соопштението, ја поздравија досегашната успешна соработка меѓу институциите од областа на културата меѓу двете држави, а ја истакнаа реализацијата на проектите меѓу националните библиотеки од Скопје и од Амстердам, како и размената на експерти и уметници во областа на современиот танц и креативните индустрии.
Тие ја нагласија и важноста на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, кој има исклучителна соработка со експертите од Кралството Холандија, кои се лидери во областа на креативните индустрии.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
