Министерката Петровска на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“
Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, која денеска и утре се одржува во Скопје.
Регионалната конференција е во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.
Како што најавуваат организаторите, на конференцијата ќе се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики - ЦИКП и Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балкан од Центарот за промоција на граѓанското општество (Centar za promociju civilnog društva) од БиХ.
Регионалната конференција е дел од проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан, а се спроведува во партнерство помеѓу Центарот за унапредување на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство