-->
-->
Министерката Шекеринска, гостин за Денот на ослободување на Белград
-->
На покана од српскиот министер за одбрана Александар Вулин, министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствува на воената парада, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Белград.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста „Слобода 2017“ која се одржа на аеродромот Батајница, биле прикажани дел од оперативните способности на единиците на српската војска, како и дел од новата опрема.
Присуството на министерката за одбрана Шекеринска на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Белград, се додава во соопштението, e потврда за определбата на Владата на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин
-
Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор