-->
-->
Министерката Шекеринска во Брисел на состанок на Северноатлантскиот совет
-->

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет заедно со 39 министри за одбрана на земји-членки на НАТО и земји кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во фокусот на дискусијата ќе биде безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, во согласност со одлуката на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО од 25 мај, мисијата „Одлучна поддршка“ да продолжи и по 2018 година.
Македонија учествува во мисијата „Одлучна поддршка“ од 2015 година. Во моментов, Македонија во оваа мисија има распоредено 39 лица воен персонал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
