Македонија
28. January 2019 - 8:56

Министерката Шекеринска во посета на Валандово

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во работна посета на Валандово.

Како што е предвидено, во рамки на посетата, министерката ќе се сретне со градоначалникот Перо Костадинов, по што ќе ја посети противпожарната единица, а во Домот на културата ќе има и состанок со бизнис-секторот.