Македонија
15. March 2016 - 15:49

Министерот Адеми во посета на Албанија

Министерот за образование и наука на Македонија Абдилаќим Адеми, денеска и утре ќе престојува во официјална посета во Република Албанија.

Како што соопшти МОН, министерот Адеми, денеска во Тирана ќе оствари средба со министерот за образование и спорт на Албанија, Линдита Никола.

Адеми, како што беше соопштено, во текот на утрешниот ден придружуван од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Владимир Стојковски ќе ги посети Универзитетот на Тирана каде што ќе се сретне со ректорот Дори Куле и Политехничкиот универзитет каде што ќе се сретне со ректорот Јоргаќ Качани.